
2025-03-06
Недела на борба против ракот
Црвениот крст на РСМ преку Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје во рамките на Неделата ќе организираа едукативни работилници за различни целни групи и ќе споделуваат објави на социјалните мрежи со цел заеднички да придонесеме во подигање на јавната свест за важноста од превенција и навремено дијагностицирање на малигните заболувања. Со овие едукативни работилници ќе се опфати младата популација, ученици од средно училиште, како и повозрасна популација согласно полот и ризикот од појава на одреден вид на малигно заболување.