Одбележување на Светскиот ден на првата помош- 8 Септември 2018 година
8 Септември (Сабота) е Светскиот Ден за Прва помош. Светскиот ден за Прва помош е можност да се промовира и застапува заложбата за поседување на знаење и вештини за укажување на прва помош кај пошироката јавност.
Оваа година главната тема е “Несреќите на патиштата”. Навремено и правилно укажана прва помош на повреден во сообраќајна несреќа може да направи значајна разлика помеѓу смртта и животот, запомнете: НЕ ВИ Е ПОТРЕБНА ЛИЦЕНЦА ЗА ДА СПАСИТЕ НЕЧИЈ ЖИВОТ!
Повеќе од 1,25 милиони лица секоја година умираат како резултат на сообраќајни несреќи. Без одржливо решение и акција , сообраќајните несреќи се предвидува дека ќе постанат 7-ма водечка причина за смрт до 2030 година.
Од исклучително значење е да заедницата се научи на техники и активности неопходни за подготвеност и брз одговор за да им помогнат на жртвите во сообраќајни несреќи во случаи кога ќе се најдат во улога на очевидци.
Нашата интенција е да се зголеми нивото на знаење и вештини за укажување на прва помош помеѓу општата популација, возачите, пешаците и патниците, за истите да можат навремено да укажат прва помош на лицата повредени во сообраќајни несреќи.
Вештините за укажување на прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од нагло настанати заболувања или повреди. Од овие причини, Црвениот крст на Р Македонија се залага да барем еден член од секое семејство биде едуциран и обучен да укаже прва помош, затоа Ве охрабруваме да посетите некоја од нашата обука за прва помош.