септември 6, 2017

Одбележување на Светскиот ден на првата помош- 9 Септември 2017 година

9 Септември (Сабота) е  Светскиот Ден за Прва помош. Светскиот ден за Прва помош е можност да се промовира и застапува заложбата за поседување на знаење и вештини за укажување на прва помош на пошироката јавност.

Оваа година главната тема е Несреќите во домот кое упатува на превентибилни или несакани повреди кои можат да настанат во домашни услови.

Несреќите во домот ги афектираат сите, без разлика на нивната возраст, пол, приходи, место на живеење. Домовите често се перцепираат како сигурни места, но за жал тие се местата каде што 80% од несреќите се појавуваат. Во Европа само,преку 300 милиони лица страдаат од несреќи во домот секоја година, од кои повеќе од 7000 се фатални.

Паѓањата се најчестите несреќи кои настануваат во домот и предизвикуваат сериозни повреди без разлика на возраста, иако ризикот е поголем кај постарите лица.

Обуките за прва помош имаат за цел да ги едуцираат луѓето за опасностите и причините за домашни несреќи, да ја подигнат нивната  свест за превземање на мерки и активности за превенирање на опасностите и почитување на правилата за безбедност, и како и што треба да превземат и да постапат во случај на настанување на повреда.   

Вештините за укажување на прва помош треба да бидат достапни за сите како хуманитарен акт кој ги овластува  луѓето да спасуваат животи и да помогнат во закрепнување од  нагло настанати заболувања или повреди. Од овие причини, Црвениот крст на Р Македонија се залага да барем еден член од секое семејство биде едуциран и обучен да укаже прва помош, затоа Ве охрабруваме да  посетите некоја од нашата обука за прва помош.

< врати се назад