Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

2014-12-09

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството

[responsive]ckrm09122014[/responsive]

Црвениот крст на Република Македонија го одбележа Светскиот ден на волонтерството – 5 декември со организација на пригодна свеченост која се одржа со почеток во 12:00 часот во просториите на Музејот на македонска борба на која беа доделени награди, беше истакнат волонтерскиот активитет, и слушнат гласот на волонтерите преку волонтерски говори и изјави за своите придобивки и остварен резултати.

На Светскиот ден на волонтерството од страна на Црвен крст на Република Македонија беа доделени Благодарници за посебни достигнувања и тоа на: лицата Васил Апостолов, Ваит Мустафа и Димитар Каракулев за посебни заслуги во остварување на целите и задачите на националното друштво и за својот повеќе годишен активитет како волонтери, како и на ООЦК Чаир за најмногу реализирани волонтерски часови во рамките на ЦКА-ПХВ програмата за циклусот 2013/2014 и Дневен центар за стари лица и центар за давање на помош во домашни услови. За време на настанот се доделија и награди-фотоапарати за најдобра фотографија од активност на Црвениот крст на ООЦК Охрид и најдобро спроведена Селфи кампања на ООЦК Карпош.

На настанот свое обраќање имаше и заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими како и повеќе јавни личности вклучени во проектите на Црвениот крст.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025