декември 5, 2022

Одбележување на Светскиот ден на волонтерството – 5 декември

По повод Светскиот ден на волонтерството, Црвениот крст на РСМ организираше пригоден настан на 5 декември  2022 во плоштат Македонија со цел да се оддаде признание за придонесот на волонтерите на Црвен крст. Настанот беше одбележан под мотото “Солидарност преку волонтирање.

На настанот пригодно обраќање имаше Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Северна Македонија, д-р Саит Саити кој зборуваше за значењето на волонтерството на 2 500 наши волонтори кои се дел од 14 милиони волонтери во светот кои придонесуваат да прават хуманитарни резултати помагајѓи на луѓето кои имаат потребна од нашата помош. Во изминатите  77 години се што е направено,  најголем дел се должи на волонтерите, сите досегашни искуства покажуваат доколку ги немаме  волонтерите, службите и вработените во Црвениот крст не ќе можат да бидат толку ефикасни, а поучени од тие искуства сметаме дека категориајта волонтери  се луѓе кој треба да се негуваат, да им се создаде амбиент, атмосфера за работа и признание, бидејќи тие  одлучиле за својот алтуизам , за својот неплатен труд  и за тоа што оние го дават најмалку ние можеме да го направиме е едно голем благодарам.

По повод  Светскиот ден на волонтерството, Црвен крст на РСМ додели Благодарници на волонтери кои дале посебен придонес во реализацијата на целите и задачите на националното друштво во 2022 година. Добитници на благодарниците се: Менче Јовановска од ООЦК Ресен, Роберт Раман и Един Шабани од ООЦК Чаир, Катица Жежова од ООЦК Штип, Никол Ѓорѓевскa од ООЦК Куманово, Леона Костоска од ЦК на град Скопје и група волонттери од Битола Христина Стојкоска, Антонио Богдановски, Пеце Крстески, Кристијан Крстески, Ангела Цветковска, Јасна Младеновска, Димитар Баулоски, Теа Ристеска, Ана Гунзовска, Симон Михајловски и Емре Мифтари.

На 5 декември беа организирани различни активности и на општинските организации на Црвен крст ширум државата со цел да се подигне свеста за значењето на волонтерскиот придонес во локалните заедници.

< врати се назад