Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одбележување на Светскиот Ден на Волонтерството 5-ти декември

2019-12-05

Одбележување на Светскиот Ден на Волонтерството 5-ти декември

Волонтерството е важно средство за социјална вклученост и претставува важен пат кон градење на општествениот капитал во заедниците. Заради тоа постојано се инспирираат луѓето за вредностите на волонтирањето и ангажманот во Црвениот крст.

Црвениот крст на Република Северна Македонија го одбележа Светскиот Ден на волонтерството 5-ти декември, под мотото #Благодариме Волонтери. Настанот се одржа во Млади Хаб, Канцеларија на Претседателот на Република Северна Македонија.

Секоја година Црвениот крст на РСМ доделува национални признанија на истакнати волонтери  на организацијата кои дале посебен придонес со својата волонтерска служба во Црвениот крст во локалните заедници во 2019 година. По овој повод годинава организацијата додели 3 признанија на истакнати волонтери. Добитници на признанијата се:

  1. д-р Лулзим Јахоја – Општинска организација на Црвен крст Кичево.
  2. Велева Новка – Општинската организација на Црвен крст Радовиш
  3. д-р Владо Хаџи Наумов – Општинска организација на Црвен крст Велес

Пригодни обраќање на настанот имаа Виолета Кузманоска, Раководител на Секторот  за креирање на политики, управување со човечки ресурси, млади, мониторинг и евалуација на Црвениот крст на Република Северна Македонија и г-дин Душан Томшиќ, Советник на министерот за труд и социјална политика. Во име на добитниците на признанијата се обрати д-р Владо Хаџи Наумов – Општинска организација на Црвен крст Велес.

 

Нека е честит Светскиот Ден на Волонтерството 5-ти декември

 

# БЛАГОДАРИМЕ ВОЛОНТЕРИ

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025