октомври 7, 2020

ОДРЖАН СЕМИНАР ЗА МОТИВАЦИЈА И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ДОБРОВОЛНОТО КРВОДАРИТЕЛСТВО ВО РСМ

 Во период од 02-04 октомври 2020 година во хотел “Солферино” во Струга се одржа семинар за мотивација и унапредување на доброволното крводарителство во РСМ. На семинарот зедоа учество 24 лица, нови мотиватори од Клубот на крводарители на Црвен крст на град Скопје (претставници од АД ОКТА Рафинерија, АРСМ, ФЗО, Образовни институции, АД Макпетрол, ЈП Водовод и канализација) и претставници од ООЦК Центар, Гази Баба, Кисела Вода, Карпош, Чаир, Куманово, Велес, Штип, Неготино, Битола, Тетово и Охрид.

Содржините на семинарот овозможија сите учесници активно да  се вклучат во работата, можност да го искажат своето мислење и да разменат искуства, да научат за крводарителството во РСМ и светот, контрола и превенција за КОВИД 19 и улогата на Црвениот крст во справување и организирање на крводарителски активности во кризни состојби и епидемии, Јавно здравствените аспекти на исхраната, проблеми и можности за подобрување, менталното здравје на населението во кризни состојби и епидемии и значењето на психо-социјалната поддршка, вежби за мотивација и демотивација, што можеме да промениме како и предлог активности за организација на крводарителство во кризни состојби.

< врати се назад