декември 21, 2021

ОДРЖАНА ОСНОВНА ПРОТИВПОЖАРНА ОБУКА

Во просториите на Центарот за подготвеност и одговор при катстрофи на ЦКРСМ, на 15 и 17 декември 2021 година, се одржа обука за справување со шумски пожари. Обуката се спроведе во рамки на ДРЕФ операцијата (итен фонд за одговор при катастрофи ) финансики подржан од МФЦКЦП

На работилницата учество земаа 30 претставници од Општинските организации на Црвен крст и Црвен крст на град Скопје, кои дистрибуираа хуманитарна помош, беа логистичка подршка и прва помош на силите кои гасеа шумски пожари за време на пожарите што ја зафатија РСМ во месец Август и Септември 2021 година.

Обуката ја спроведоа преставници од фирмата „ПП Лукс заштита“ од Скопје и тоа: г-дин Никола Бојковски, теоретски дел, учесниците ги обучи за справување со урбани и пожари на отворен простор,  г-дин Љупчо Димитриевски за начини на гасење на пожари.

Учесниците имаа можност практично да се запознаат со користење на ПП апарати , користење на напртначи , противпожарни метли  и хидранти.

< врати се назад