ноември 25, 2020

Одржан курс за обука на предавачи и демонстратори по прва помош за кандидати за возачи

Црвениот крст на Република Северна Македонија се труди и во време на пандемија со огромна внимателност да ги зајакнеме капацитетите на Општинските организации на Црвен крст од областа на првата помош. За таа цел  Црвениот крст  од  21 до 22.11.2020 одржа дводневна обука по прва помош за демонстратори и предавачи за курсевите по прва помош за возачи на моторни возила во просториите на ДХO ‘‘Даре Џамбаз,,-Скопје. Обуката се спроведе во строго контролирани услови согласно протоколот за спроведување на обуки и курсеви пропишан од Владата на РСМ, сите присутни беа обезбедени со  заштитни маски и средства за дезинфекција на рацете. Пред почетокот на обуката беше измерена телесната температура на присутните и задолжително потполнување на епидемиолошки анкетен формулар. На првиот ден од обуката, секој кандидат доби симболичен поклон: триаголна марама, фолија за преживување и вентилационо марамче.

За време на обуката кандидатите покажаа голем интерес, знаење и дисциплина што доведе до беспрекорно одвивање на наставата. Со овие обуки Црвениот крст има за цел да создаде нови кадари од квалитетни предавачи и демонстратори кои на правилен и соодветен начин ќе го пренесе своето знаење од областа на првата помош на кандидатите за возачи на моторни возила.

< врати се назад