Одржана 2-ра регионална средба за проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации“
Во рамките на проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации“ поддржан од ЕУ во период 14-15,09,2017 година во Рим, Италија, се одржа вториот координативен состанок со партнерските организации учесници во проектот. Претставници од Црвениот крст на Република Македонија, Италија, Австрија, Србија, Словенија и Хрватска како и Универзитетот на Инзбрук, имаа можност да ги евалуираат досегашните активности и да договорат насоки за претстојниот период. Учесниците на состанокот за време на посетата на Италијанскиот Црвен крст имаа прием кај Генералниот секретар г-дин Флавио Ронци.