Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одржана комеморација за Д-р Милчо Трајков

2019-04-22

Одржана комеморација за Д-р Милчо Трајков

На 19 април 2019 година во 11:30 часот во Општина Велес се одржа комеморација по повод смртта на Д-р Милчо Трајков поранешен претседател на Црвениот крст на Република Македонија. На комеморацијата присуствуваа претседателот на Црвениот крст на РМ проф.д-р Ромел Велев, генералниот секретар на Црвениот крст на РМ д-р Саит Саити, градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски, пратеници, блиски роднини, пријатели и колеги.

На комеморација се обратија градоначалникот на Општина Велес г-дин Аце Коцевски, кој зборуваше за неговата биографија и нивната соработката, додека проф.д-р Ромел Велев истакна дека нема зборови со кои може да ги утешиме најблиските, посебно кога личноста што замина имаше 65 години, зрачеше со елан, и од него се очекуваше уште многу. Кога зборуваме за Д-р Милчо Трајов , зборуваме за самите свои почетоци во нашата организација Милчо сакаше да волонтира и да даде свој скромен придонес. Твоето име вечно ќе биде запишано во нашата организација. Продолжуваме да работиме посветено онаму каде што ти застана. Ние сме навистина едно големо семејство. И ни беше привилегија и задоволство што Милчо беше дел од нашето семејство, кое ќе остане посиромашно за еден голем човек кој не напушти прерано.

Исто така на комеморацијата се обрати и д-р Саит Саити генерален секретар на Црвениот крст на РМ и како личен пријател. Ти беше скромен човек и самиот не знаеше колку си голем, ми ветуваше дека ќе направиме уште многу работи во Црвен крст. Во живот. Но ме издаде, драг мој Милчо. Беше најдобар меѓу нас и Господ посака да те запознае. Саканите никогаш не умираат, тие само се селат на небото. Ќе живееш секогаш во нас. Времето не ја лечи болката, тоа само не учи да живееме со неа. Мојот најдобар другар си замина, таму во вечноста, замина без најава, збогување, тивко и скромно како што беше целиот свој живот. Во моментов немам сила да ги искажам чувствата и емоциите како пишан збор, за да ја искажам тешкотијата и тагата во душата. Ти благодарам што не уверуваше дека добрината кај луѓето постои. Ти благодарам што ни покажаа дека најголемите луѓе се наједноставни, ти благодарам за се што не научи, ти благодарам што ми дозволи да бидам дел од твојот живот. Голем човеку, време е и ти малку да се одмориш. Не ги сакам збогувањата, но со тебе денес морам да се збогувам. Искрено жалам што ќе морам да кажам, почивај во мир мој пријателе! Нека ти е вечна славата истакна Саити.

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025