октомври 10, 2023

Oдржана обука за примена на политики за заштита на интегритет

Во периодот од 06-08.10.2023 година во тренинг центарот „Солферино“ во Струга се реализираше обука за 42 вработени и ангажирани лица од Црвен крст на град Скопје, и општинските организации на Црвен крст Гази Баба, Чаир, Карпош, Кисела Вода и Центар.

Обуката се одржа во рамките на проектот „Превенција од сексуална експлоатација и злоупотреба во Црвениот крст на Република Северна Македонија“ подржан од страна на Меѓународната федерација на друштвата на Црвен крст и Црвена полумесечина.

Целта на обуката беше учесниците да се запознаат со ново донесените политики на Националното друштво за превенција од сексуална експлоатација и злоупотреба, превенција од сексуално вознемирување, безбедна средина на деца и заштита на укажувачи.

< врати се назад