ноември 25, 2019

Одржана прва „Академија за млади“ на Црвениот крст на Република Северна Македонија

 

Во периодот 20-22.10.2020 година во Хотел Солферино во Струга се одржа првата „Академија за млади“ на Црвениот крст на Република Северна Македонија. Академијата за млади претставува форма на сертифицирано оспособување на кадри за развој и имплементација на програмите за млади на Црвениот крст на РСМ. На првата Академија учествуваа вкупно 17 претставници од ООЦК и ЦКГС кои имаа можност да се стекнат со знаења и вештини за одржување на обуки на млади волонтери за врсничка едукација за превентивните програми на Црвениот крст. По завршениот теоретски дел, во периодот 25.11-01.03.2020 година учесниците имаат задолжение за практичен дел односно да одржат обука на врснички едукатори во рамките на ООЦК/ЦКГС со супервизија и менторство на тренерите од Академијата. По успешно завршување на практичниот дел, тие ќе се стекнат со квалификација „Обучувач за врсничка едукација на млади за превентивните програми на Црвниот крст на Република Северна Македонија“ согласно „Правилникот за оспособување на врсничките едукатори и обучувачи за врсничка едукација на млади за превентивните програми на Црвениот крст на Република Македонија“.

< врати се назад