Одржана работилница за размена на искуства и развој на методологијата за Заеднички развој на заедницата
Со поддршка на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина проектот „Заеднички развој на заедницата“ оваа година се имплементира преку две општински организации на Црвен крст Неготино и Центар.
Во рамките на ЗРЗ проектните активности на 6 октомври 2017 година Црвениот крст на РМ одржа работилница со локални координатори на ЗРЗ активностите од Црвен крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст Кавадарци, Прилеп, Велес, Крива Паланка, Струга, Делчево, Дебар, Неготино и Центар.
Целта на работилницата беше да се разменат досегашни искуства и да се дадат предлози за развој и примена на ЗРЗ алатката во програмските активности на Црвениот крст.
На работилницата беа претставени досегашни постигнувања преку примена на ЗРЗ програмата на национално и локално ниво. Беа презентирани позитивни практики и предизвици во имплементација на активностите.
Од дискусијата на локалните координатори беше потенцирано дека ЗРЗ претставува значајна алатка, која Црвениот крст на РМ треба да ја развива и примени во иднина и во други општински организации кои не се опфатени со истата. Беше истакнато дека со примена на ЗРЗ методологијата на локално ниво позитивно се влијае во заедницата преку нивно мобилизирање и јакнење на капацитетите и нивно мотивирање за нови иницијативи за задоволување на приоритетните потреби за подобрување на животните услови и социјалниот живот на заедницата.