Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Одржана транснационална работилница во проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации“

2017-12-07

Одржана транснационална работилница во проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации“

Во рамките на проектот „Психолошка прва помош и психосоцијална поддршка во комплексни итни ситуации“ поддржан од ЕУ во период 29,11-02,12,2017 година во Загреб, Хрватска, се одржа транснационална работилница на експерти за креирање на алатки за поефикасен одговор на вработени и волонтери во итни ситуации.На транснационалната работилница од Македонија покрај претставниците од Црвен крст на РМ учествуваа и Благица Ваниќ, Универзитетски професор, Весна Самојловска претставник од Министерство за труд и социјална политика, Мирјана Јовановска Стојановска претставник од комората на психолози во РМ, и Ивана Маринчек од тимовите на терен на Црвениот крст на РМ. За време на работилницата експертите од сите земји низ работа во групи дискутираа за истражувањето спроведено од страна на Универзитетот на Инзбрук и даваа свои коментари и препораки. Базирано на своите искуства во работните организации каде што работат и нивното учество во време на кризите кои ја зафатија РМ во изминатите години (поплави и мигрантска криза), тие даваа свои препораки во областите на психолошка прва помош, психосоцијална поддршка и менаџмент со спонтани волонтери. Нивните препораки ќе бидат евалуирани од страна на Универзитетот на Инзбрук и истите ќе бидат земени во предвид при изработката на алатките за обука кои се насочени во три области: психолошка прва помош и психосоцијална поддршка за волонтери и вработени, како и менаџмент со спонтани волонтери.

BOCA

Линија на интегритет

Локации на црвен крст на Република Северна Македонија

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/user/MacedonianRedCross

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025