мај 2, 2013
Одржана XVII-та Балканска конференција на Националните друштва на ЦК/ЦП
Во Букурешт, Романија во периодот 20-23,09,2011 година се одржа XVII-та Балканска конференција на Националните друштва на ЦК/ЦП, на која учествуваа претставници од Националните друштва на Македонија, Романија, Бугарија, Турција, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија додека како гости присуствуваа и претставници од Хрватска, Словенија, Австрија, Шведска, Велика Британија, Италија, Германија, Молдавија, Меѓународна Федерација и Меѓународен комитет на Црвен крст. На конференцијата се разменуваа искуства и се дискутираше околу предизвиците на организацијата поврзани со темите: Активно стареење на популацијата, миграции на населението, справување со катастрофи, мобилизирање на ресурси, психосоцијална поддршка и волонтирањето во Црвениот крст. Црвениот крст на Република Македонија на конференцијата беше претставен од страна на Претседателот на Црвен крст на РМ Д-р Милчо Трајков и претставник на стручната служба Владимир Вукелиќ.