октомври 14, 2016

Донација од компанијата НОВАРТИС

На 14.10.2016 во просториите на Црвениот крст на Република Македонија компанијата НОВАРТИС донираше средства во Фондот на солидарност на Црвениот крст на РМ во износ од 82.000 евра на 202 семејства кои настрадаа во полавите и за уште 100 семејства со лица со посебни потреби од поплавените подрачја.Официјалното примопредавање на донацијата се изврши од страна на г-ѓа Јасминка Талеска, директор на претставништво на Новартис во Скопје и г-дин, д-р. Саит Саити, генерален секретар на Црвениот крст на РМ.

За време на настанот Д-р Јасминка Талеска – директор на преставништво на Новартис во Македонија изјави: Во овие моменти не постојат зборови кој можат да ја ублажат тагата.Искрено се надеваме дека со оваа донација ќе успееме да помогнеме онаму каде во моментов е најпотребно и заеднички што поскоро ќе ги вратиме топлите домови на нашите сограѓани кои несреќно ги загубија.“

 “Во името на Црвениот крст на РМ сакам да Ви се заблагодарам на Вас и на компанијата НOВАРТИС за обезбедената донација од 82.000 евра со што обезбедувате помош за 202 семејства кои настрадаа во полавите и за уште 100 семејства со лица со посебни потреби од поплавените подрачја, да добијат месечен износ од 150 евра за период од два месеци“– изјави Генералниот секретар на Црвен крст на Република Македонија, д-р.Саит Саити.

 

dsc_1094

dsc_1098

< врати се назад