август 18, 2020

Онлајн обука за амбасадори за намалување на ризици од катастрофи во образовни институции во рамките проектот „Безбедни училишта и градинки: Развивање на он-лајн платформа за безбедни и добро подготвени основни училишта и детски градинки“ (поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата)

На ден 27.07.2020 година, во рамките на проектот „Безбедни училишта и градинки: Развивање на он-лајн платформа за безбедни и добро подготвени основни училишта и детски градинки“ (поддржан од ЕРАЗМУС+ програмата), преку платформата ZOOM се одржа онлајн обука за амбасадори за намалување на ризици од катастрофи во образовни институции. На обуката се пријавија 25 учесници од  Црвен крст на град Скопје и ООЦК Битола, Валандово, Велес, Гостивар, Гевгелија, Дебар, Делчево, Кавадарци, Кичево, Кочани, Крушево, Неготино, Охрид, Прилеп, Радовиш, Ресен, Струга, Струмица, Тетово, Центар, Карпош и Кисела Вода.

Главна цел на обуката беше подигнување на капацитетите на волонтерите на Црвен крст на полето на намалување на ризици од катастрофи во образовни институции.

< врати се назад