Red Cross ShapeЦрвен Крст на Република Северна Македонија
Концепт за воспоставување систем за испорака на прва психолошка помош и психо-социјална подршка на населението

2021-07-09

Концепт за воспоставување систем за испорака на прва психолошка помош и психо-социјална подршка на населението

На 09.07.2021 Црвениот крст на Република Северна Македонија , го претстави концептот за воспоставување систем за испорака на прва психолошка помош и психо-социјална подршка на населението. На настанот присуствуваа Генералниот секретар на Црвен крст на РСМ Саит Саити, Елизабета Ѓоргиевска, Сопруга на Претседателот на РСМ, министерот за здравство Венко Филипче, заменик – министерот за труд и социјална политика, Енвер Хусејин и претставник на министерството за образование Душан Томшиќ.

Центарот има за цел долгорочно да обезбедува поддршка за градење на граѓански и национални капацитети за обезбедување на психосоцијална поддршка за различни целни групи. Центарот исто така ќе обезбедува психосоцијална помош и поддршка за сите граѓани како и за волонтерите, вработените и за сите корисници на услугите на Црвен крст на РСМ.

Центарот ќе воспоставува и развива нови методи кои ќе се базираат на силна меѓусекторска соработка меѓу институциите, семејствата, училиштата, работодавачите и здравствените работници, како и сите останати чинители во системот на кризниот менаџмент на државата, што ќе придонесе за посеопфатен одговор на полето на обезбедување на психосоцијална поддршка за лицата погодени од кризни состојби.

Центарот ќе даде посебен придонес во обезбедување на систематизирана поддршка и помош на населението за зачувување на менталното здраво во соработка со Министерството за здравство, Министерството за образование и наука како и Министерството за труд и социјална политика во насока на надминување на стигмата за промовирање отворен разговор за менталното здравје и барање на психолошка поддршка во случај на потреба, како и поддршка на ранливи целни групи.

 

BOCA

Линија на интегритет

КРВОДАРИТЕЛСКИ АКЦИИ

2024

ПРИНЦИПИ

ХУМАНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

ЕДИНСТВО

Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.

УНИВЕРЗАЛНОСТ

Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.

ДОБРОВОЛНОСТ

Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.

НЕУТРАЛНОСТ

Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.

НЕПРИСТРАНОСТ

Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.

НЕЗАВИСНОСТ

Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.
https://www.facebook.com/CrvenKrstNaRepublikaSevernaMakedonijahttps://www.youtube.com/@redcrossoftherepublicofnor9640

Црвен крст на Република Северна Македонија Сите права се задржани2025