
2015-03-27
Отворени денови на Националниот младински совет
На 27,03,2015 година во просториите на библиотеката „Браќа Миладиновци“ во Скопје, се одржа претставување на организациите членки на Националниот младински совет на Македонија. Црвениот крст на Република Македонија се претстави со поставување на штанд на кој се дистрибуираа промотивни материјали и се презентираа можности за соработка и волонтирање.