Партнерска соработка и поддршка од Комерцијална банка АД Скопје
Комерцијална банка АД Скопје и MasterCard, во изминатата година во период од 21.11. до 31.12 2015 година спроведоа кампања и наградната игра „Купувај, од срце подарувај и вредни награди освојувај“, организирана по повод одбележувањето на 20 години успешна соработка на Комерцијална банка АД Скопје и MasterCard.
Со кампањата која имаше и хуманитарен карактер, се обезбедија средства во висина од 640.961 МКД, износ со кој Црвениот крст на Република Македонија и Комерцијална банка АД Скопје, во 2016 година заеднички ќе го реализираат Проектот “Дарувајте орган – подарете живот”.
По тој повод на 27 јануари 2016 година се одржа официјална средба на која од страна на г-ѓа Маја Стевкова Штериева – главен финансов директор на Комерцијална банка АД Скопје беше предаден чек во обезбедениот износ со кампањата, на генералниот секретар на Црвениот крст на РМ г-дин Саит Саити.
Генералниот секретар на средбата изрази голема благодарност за обезбедената донација, кој меѓу другото истакна дека со оваа донација, за Комерцијална банка е само уште една потврда како општествено одговорна компанија, која дава општествен придонес во подобрување на квалитетот на животот на населението во заедниците.
Оваа година Комерцијална банка по шестти пат обезбеди поддршка за заедничка имплементација на проектот „Подобрување на социјализација на деца и млади со посебни потреби“, кој се имплементира преку Црвен крст на град Скопје и општинските организации на Црвен крст на Црвен крст Кавадарци, Гостивар, Кичево, Велес, Делчево, Дебар и Прилеп.