Партнерски состанок на националните друштва вклучени во операциите во Украина и зафатените земји
Во периодот 19-20.04.2023 година во Будимпешта Унгарија се одржа партнерски состанок на националните друштва кои се вклучени во операциите во Украина и во зафатените земји со активности за поддршка на раселеното население од Украина. Целта на состанокот беше да се претстават постигнувањата од досегашните операции во делот на програмските активности, координацијата и мобилизирањето на ресурси, да се поттикне транспарентна и позитивна размена на информации помеѓу партнерите за идентификување на предизвици и решенија и зајакнување на координацијата и надоврзувањето, и да се дискутираат долгорочни амбиции и заложби за понатамошна вклученост за поддршка.
За време на сесиите детално се презентираа сите полиња на дејствување во операциите од изминатите 14 месеци и се разработуваа приоритети и препораки за подобрување. Покрај активностите за директна помош на населението анализирани беа и влијанијата кои целокупната ситуација ги има врз работата на Националните друштва и можностите за развој. Низ сет од работилници во групи се идентификуваа можности за надградба на капацитетите и механизмите во Движењето за менаџирање со човечки ресурси, мобилизирање на средства и развој на одржливи услуги за ранливото население.
Националните друштва кои се присутни со човечки ресурси и делегати во Украина имаа посебни сесии за зајакнување на координацијата и унифицирано планирање на идните чекори со цел поефикасен одговор и поголем опфат на целните групи со тековните операции.
Паралелно на партнерскиот состанок се одржа и состанок за средно и долгорочно планирање на поддршка за раселените лица од Украина.