мај 30, 2018

Пехар во Радовиш, во рамките на ЦКА-ПХВ програма-2018 година

На 29 мај 2018 год. се одржа 8-та по ред манифестација – ПХВ пехар, која има за цел промоција на програмата и на младите од онаа Општинска организација на Црвен крст од кој што се изработени најголем број на проекти оценети со сонце.

Оваа година беа изработени 150 мали проекти, од кои 22 беа оценети со фаза сонце, а овогодинешниот добитник на ПХВ Пехар e Црвен крст на Република Македонија – Општинска организација Радовиш.

На свечената манифестација се обрати генералниот секретар на Црвен крст на РМ д-р Саит Саити и претседателот на Советот на Општина Радовиш г-дин  Коле Чаракчиев како и претседателот на Црвен крст Радовиш г-дин Ванчо Коцев . 

Во преполна сала во Центарот за Култура “Ацо Караманов” во Радовиш, покрај пехарот, беа врачени и благодарници за Општинска организација на Црвен крст Кочани, Охрид, Гостивар, Велес, Прилеп, Виница, Кавадарци, Неготино и Центар како организации кои изработиле мали проекти преку кои се направени трајни промени во заедницата.

Честитки за сите дисеминатори, младинци, наставници, родители, секретари за сите кои беа дел од овогодишната програма која предизвика промени кај 3.183 лица.

< врати се назад