мај 2, 2018

ПХВ Пехар

Традиционално секоја година се доделува ПХВ пехар во рамките на ПХВ програма. Истиот претставува награда за онаа општинска организација, односно дисеминаторот и целата група младинци кои изработиле најмногу мали проекти со ознака сонце, односно проекти со кои се прават трајни промени во заедницата. Оваа година имаме вкупно 22 мали проекти со Сонце од кои Радовиш-4 проекти, Кочани-3 проекти, Охрид-3 проекти, Гостивар-3 проекти, Велес-2 проекти, Прилеп-2 проекти, Виница-1 проект, Кавадарци-1 проект,Неготино-1 проект, Струмица-1 проект и Центар-1 проект. Општинската Организација на Црвен крст Радовиш ова година е носител на ПХВ Пахарот заради бројот на изработените проекти наградени со сонце. Манифестацијата за доделување на Пехарот ќе се случува пред крај на месецот каде пред бројна публика, пред родители, претставници на целните групи, волонтери како и пред таткото на градот –градоначалникот, ќе биде направена презентација на нивните резултати и на сработеното на што сите се гордееме.

< врати се назад