септември 27, 2022

ПХВ подготвителна работилница

Од 23 до 25 септември во центарот Солферино, Струга се одржа ПХВ подготвителната работилница. 22 инструктори, искусни и долгогодишни волонтери, по две години онлајн работа, имаа можност да се видат и да продложат таму каде застанаа пред пандемијата. Целите на работилницата беа прегледување и евалуирање на 120 мали ПХВ проекти изработени од страна на 800 младинци од ООЦК, евалуација на сработено во изминатите две години, градење на стратегија за ПХВ програмата за 2023 година како и мотивирање и уважување на ПХВ тимот за понатамошна работа и поддршка.

#redcross #phv2022

< врати се назад