мај 6, 2017

Плакета за Црвен крст на Република Македонија по повод јубилејот 55 години Републички совет за безбедност на сообраќајот на патиштата

По повод јубилејот 55 години постоење и работа на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на свечената академија која се одржа на 5 мај 2017 година на Црвениот крст на Република Македонија му беше доделена плакета за континуирана соработка, поддршка и посебен придонес во подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, која во име на Црвениот крст на Република Македонија ја подигна генералниот секретар, д-р Саит Саити.

Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата се дологогодишни соработници на полето на подигање на јавната свест за потребата од поголема безбедност на сообраќајот на патиштата со акцент на различни ранливи целни групи, организирање на симулациони вежби со цел едукација и подигнување на свеста од знаење и правилно укажување на прва помош на повредените при сообраќајни несреќи, одбележување на Светскиот ден на жртвите во сообраќајот, изработка на Националната стратегија за унапредување на безбедноста во сообраќајот. Заедничката заложба и успешна соработка продолжува и понатаму.

< врати се назад