Почеток на ЦКА-ПХВ програма
Вчера вечер со почеток во 18.00 часот се оддржа првата ЦКА-ПХВ работилница за 2021 година. Со тоа се започна новиот ПХВ циклус кој оваа година ќе има за цел зајакнување на капацитетие на младите низ целата земја. Промената следеше како резултат на Ковид-19 и неможноста младите да работаат заедно и во групи, а со цел зачувување на нивното и здравјето на заедницата. На вчерашната работилница која беше вовед во новиот модел и обука за дисеминација присуствуваа 165 млади од повеќе општински организации на Црвен крст.
Во текот на 2021 година ќе бидат реализирани вкупно 40 работилници и тоа секој четврток во исто време. Од вчерашната работилница, 91% младите се изјаснија дека работилницата за нив беше корисна, а 100% дека ќе ги препорачаат работилниците на своите врсници.
Продолжуваме понатака. Веќе следната недела е најавена темата “Работа со волонтери и градење на тим”.