Поддршка на семејствата на загинатите во сообраќајката во Бугарија
Црвениот крст на Република Северна Македонија продолжуваа и понатаму да им даде поддршка на семејствата чии членови загинаа во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија на 23.11.2021 година во која животот трагично го загубија 45 лица и 7 лица беа повредени.
Еднократната парична помош која беше соопштена на јавноста е веќе реализирана, средствата се веќе префрлени на трансакциските сметки на семејствата на загинатите (91.758 денари по лице) и повредените лица (39.600 денари по лице) , со што е даден скромен придонес во ублажување на последиците од настанатата трагедија.
Воедно упатуваме и благодарност до граѓаните, компаниите, институциите и организациите кои искажа висока општествена одговорност и грижа за населението во услови кога им е најпотребна.