Хуманитарна помош 07.02.2015
Во текот на денешниот ден Црвен крст на Република Македонија изврши дистрибуција на хумаитарна помош во: • Битола, 300 пакети со прехрамбени продукти, 300 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 800 ќебиња. • Прилеп, 50 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња. • Штип, 50 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 80 ќебиња. • Кочани, 25 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња. • Струмица, 25 пакети со прехрамбени продукти, 50 пакети со средства за хигиена, 50 пара гумени чизми и 40 ќебиња. Излевањето на Зајашка река во Кичево загрози околу 70 семејства кои беа евакуирани вчера доцна попладне. Црвениот крст на Република Македонија веднаш по направената проценка за потребите на настраданото население, достави помош: 70 пакети со прехрамбени продукти, 70 пакети со средства за хигиена, 150 ќебиња и вода за пиење. Поплавеното подрачје во Кичево го посети Генералниот секретар на Црвениот крст на Република Македонија г-дин Саит Саити. Поради излевање на каналите во населбата Бањешница – Гостивар поплавени се 30 семејства на кои им е доставена хуманитарна помош: 30 пакети со прехрамбени продукти, 30 пакети со средства за хигиена и 60 ќебиња. Преку мобилните телефони од T-mobile, One, VIP 070/075/077 143 400 заклучно со 07.02.2015 година обезбедени се вкупно 4.683.500 денари, а на сметката на Фондот на солидарност се собрани 741,987 денари.