
2015-03-20
Почитувани
Црвениот крст на Република Македонија преку Општинска организација на Црвен крст Свeти Николе, превзeма акција за намалување на ризиците од ширење на болеста Туларемија во општина Лозово и тоа со дистрибуција на хигиенски средства и вода за пиење, наменети за загрозеното население.
Општинската организација на Црвен крст Свети Николе во текот на денешниот ден направи проценка на потребите, а во текот на утрешниот ден (21.03.2015 година) Црвениот крст на Република Македонија ќе дистрибуира хуманитарна помош во општина Лозово, и тоа:
- 5000 литри вода за пиење;
- 240 литри дезинфекциони средства за раце;
- 576 парчиња сапун за раце;
- 108 парчиња од 0.5 литри течен сапун за дезинфекција;
- 72 парчиња од 0.5 литри средство за чистење тоалети;
- 96 парчиња од 1 литар шампон за капење;
- 78 парчиња од 1 литар средство за миење садови.