јуни 12, 2015

Почитувани

migranti1migranti2

Црвен крст на РМ во соработка со Високиот комесаријат на бегалци при Обединетите Нации (UNHCR) во рамките на програмата за поддршка на мигрантите кои транзитираат во Р. Македонија реализира активности кои се насочени кон намалување на ранливоста и ублажувања на страдањата на овие лица. Во Прифатиниот центар за странци на МВР, Црвениот крст менаџира со здравствена единица каде се дава примарна здравствена заштита, лекови и транспорт до секундарно и терцијарно ниво на повеќе од 600 лица месечно. Овде лицата покрај здравствената заштита од Црвениот крст добиваат и храна, хигиена, облека и други непрехрамбени производи. Со цел да се помогне и на лицата кои секојдневно масовно мигрираат на територијата на Р. Македонија формирани се два мобилни тима составени од лекар, медицинска сестра и возач кои укажуваат прва помош на повредени и изнемоштени лица и делат вода и храна. На дневна основа се укажува помош на 100тина лица идентификувани на територијата на градовите Скопје, Велес, Неготино и Демир Капија. Заинтересираните правни субјекти и граѓани можат да се вклучат со обезбедување на парична помош:

– Сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка – Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400

Црвениот крст на РМ следејќи ги случувањата на терен, донираните парични средства ќе ги насочи наменски за помош на мигрантите.

Апелираме до правните субјекти и граѓани донациите во материјлана помош може да се обезбедат во вода за пиење, безалкохолни пијалоци, двопек, бисквити и конзервирана храна (пилешки нарезок и паштета, риба).

Помошта може да се предаде во магацините на Црвениот крст во Момин Поток од 08,00 до 16,00 часот (контакт тел: 3 096 227), до 30 јуни 2015 година. За обезбедената и дистрибуирана хуманитарна помош јавноста ќе биде навремено и соодветно информирана.

< врати се назад