декември 28, 2017

Почитувани,

Почитувани,

На прагот на Новата 2018 Година дозволете ми накратко да се осврнам на нашите заеднички остварувања во годината која изминува како и претстојните предизвици на кои заедно ќе работиме.

Пред се сакам да се заблагодарам за континуираната поддршка во 2017 година во процесот на донесување на новата статутарна и нормативна рамка на организацијата што во иднина ќе ни овозможи поголема ефикасност и ефективност во опслужувањето на корисниците на наши услуги. Исто така сакам да се заблагодарам за Вашиот придонес за успешно  спроведување на изборниот процес во организацијата и се надевам дека и во следната година ќе продолжите да ја обезбедувате потребната поддршка за новоизбраната раководна структура на организацијата.

Годината исто така ја одбележа нашиот континуиран ангажман за обезбедување на поддршка за ирегуларните мигранти и мигрантите кои се сместени во прифатните центри во нашата држава.  Исто така, во соработка со нашите партнери од корпоративниот сектор и јавните институции и граѓанскиот сектор посветено работевме на реализација на традиционалните активности што придонесе да задоволиме голем број на приоритетни прашања на корисниците на нашите услуги и да ги задоволивме приоритетни потреби во локалните заедници. Посебно сме горди што нашите активности за подигање на свеста на населението и различни целни групи во сферата на  социјалната и здравствената грижа и подготвеност и дејствување при катастрофи даваат посебен белег во заштита на здравјето и добросостојбата на населението во државата.

Во овој процес ги реализиравме нашите активности со поддршка на нашите партнери и посебно сме благодарни, пред се на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина, Меѓународниот Комитет на Црвен крст, УНХЦР, ЕУ, Австрискиот Црвен крст и други национални друштва и организации како и корпоративниот сектор, кои ни помогнаа да ги реализираме зацртаните цели како одговор на приоритетните потреби на целните групи кои ги опслужувавме.

Годинава го заокружуваме подготвителниот процес за изработка и спроведување обуки за интегрирањето на новиот информативен менаџмент систем.  Се надеваме дека бенефитот од користењето на овој систем ќе даде компаративни предности во реализацијата на нашата годишна програма и ќе ни обезбеди показатели за поуспешување на работата во претстојниот период.

Во годината пред нас остануваме посветени во реализацијата на утврдените приоритети како што се донесување на нова законска рамка, мобилизирање на фондови од корпоративниот сектор, ЕУ и Движењето на Црвен крст и Црвена полумесечина, билатерални активности со националните друштва од регионот, унапредување на системот за волонтерски менаџмент и дисеминација, формирање на национално референтно координативно тело за прва помош, подигање на свест на  различни целни групи за подготвеност и дејствување при катастрофи, спроведување на обуки за сервис провајдери  во националното друштво и др.

На крајот дозволете ми уште еднаш да се заблагодарам за континуираната поддршка и да Ви посакам среќни празници, добро здравје и позитивни остварувања во 2018 година. Нашите заеднички остварувања нека бидат патоказ за нови успеси кои ќе овозможат просперитет на нашата организација.

 

Со почит,

д-р Саит Саити

Генерален Секретар

< врати се назад