декември 2, 2020

Поддршка на институциите во справување со COVID19

Црвениот крст на Република Северна Македонија, согласно Акцискиот план на Владата на РСМ донесен за справување со ситуацијата со COVID19, реализира активности за поддршка на ранливото население но и директна поддршка на институциите кои се дел од системот за управување со катастрофи.

Денес, во Логистичкиот центар на Црвениот крст на Република Северна Македонија во Момин Поток, на припадниците на Армијата на РСМ беа донирани 1500 заштитни маски и 1500 туби од 100 мл средство за лична дезинфекција, за потребите на припадниците на АРСМ ангажирани за справување со COVID19.

< врати се назад