декември 21, 2015

ПОДДРШКА НА МИГРАНТИТЕ

Црвен крст на Рeпублика Македонија во партнерство со Високиот комесаријат за бегалци (УНХЦР) и Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина активно е вклучен во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Црвен крст на Рeпублика Македонија на двата гранични премини во Гевгелија и во Табановце е на терен 24 часа со 11 мобилни тима во поддршката на мигрантите кои транзитираат низ нашата земја.

Вкупниот број на лица во тимовите изнесува 206 кои се составени од вработени, лекари и пaрамедици, членови, волонтери на Црвениот крст, кои се обучени за работа во Службата за барање на изчезнати лица при Црвениот крст.

Црвен крст на Рeпублика Македонија во период 14-20 декември дистрибуираше:   10 847 шишиња вода за пиење, 1 533 пакети со прехрамбени продукти, 205 пакети со хигиенски средства, 920 парчиња пелени за бебиња, 2 278 ќебиња, 1 175 парчиња чоколадно млеко, 367 јакни,1 760 порции чај,896 порции супа и на   3 080 лица им беше укажана прва помош.

< врати се назад