август 29, 2016

Поддршка за намалување на последиците од катастрофата

Пивара Скопје и Coca-Cola обезбедија 100.000 евра, волонтери и пакувана вода за погодените од поплавите

Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola донираат 100.000 евра, вода и волонтерска помош, поддржувајќи го Црвениот крст на Република Македонија, Град Скопје, Општина Гази Баба и други релевантни институции во намалување на последиците од катастрофалните поплави во Скопје.

Во тесна координација со Црвен крст на Република Македонија, Пивара Скопје донира по еден камион пакувана вода дневно од почетокот на поплавата, која се дистрибуира до населението во најпогодените населби. Дополнитело, Пивара Скопје и Компанијата Coca-Cola обезбедија парични средства во висина од 100.000 евра кои се ставени на располагање на Црвениот крст на Македонија и на Управниот комитет за справување со кризи со цел да бидат искористени за приоритетните потреби на населението и овозможуваат логистичка поддршка во справувањето со последиците од поплавите.

Заради обезбедување ефикасна помош на погоденото население, Пивара Скопје обезбедува и соодветна логистичка поддршка и транспорт на пакувана вода од првиот ден по поплавите. Повеќе од 70 вработени од компанијата се ангажирани на волонтерска основа во пунктот на Црвениот крст, каде ги подготвуваат прехранбените пакети за погодените семејства и го поддржуваат Црвениот крст со други активности.

< врати се назад