февруари 12, 2018

Подготовка на предлог проект за Eразмус програмата

Во периодот од 8-ми до 9-ти фебруари 2018 година на покана на Австриски Црвен крст во Белград беше реализиран работен состанок за подготовка на предлог проект за Еразмус програмата. Работните состаноци се одржаа во просториите на Црвен крст на Србија.

На состанокот покрај претставници на Црвен крст на Австрија, учество земаа и претставници од Црвен крст на Македонија, Црвен крст  на Бугарија,Унгарски Црвен крст и Црвен крст на Србија. Главната цел на овој состанок беше да се подготви предлог концепт и да се определат активностите од областа на првата помош и подготвеност и дејствување при катастрофи кои би можеле да влезат во рамки на овој проект од кој бенефит би имал наставниот кадар и учениците, децата во училиштата, градинките, локалните самоуправи и воопшто целото население во овие земји.

< врати се назад