декември 19, 2019

Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост

Црвениот крст на Република Северна Македонија во рамките на проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со попреченост“ на 19 декември 2019  година организираше завршна  работилница  со проектни локални координатори  на  Црвениот крст на град Скопје и општинските организации на Црвениот крст  Прилеп, Велес, Кавадарци, Делчево, Кичево, Дебар и Гостивар. На работилницата учествуваа и претставници на дневните центри за деца и млади со попреченост од општините каде се реализираат активностите.

Целта на работилницата беше да се утврдат постигнатите резултати, ефектите од имплементираните активности, како и да се дадат насоки за идно дејствување на локално ниво.

Потпретседателот на Црвениот крст на РСМ, Димитар Каракулев искажа задоволство од реализираните активности и упати голема благодарност до Комерцијална банка АД Скопје, за нивната поддршка, која компанија деветта година во континуитет овозможува овој проект да се имплементира преку Црвениот крст.

Претставникот на Заводот за социјални дејности  Весна Самојловска, ги поздрави учесниците и искажа задоволство  од заедничката соработка со Црвениот крст во спроведување на проектните активности. Од страна на претставниците на Заводот беше искажана подготвеност за стручна поддршка во подготовка на плановите за акција кои ќе бидат креирани од страна волонтерите и вработените на Црвениот крст, стручните лица од дневните центри, вклучително и лицата со попреченост, нивните родители, како и вклученост на вработените од Комерцијална банка.

< врати се назад