јуни 8, 2017

Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби

Црвениот крст на Република Македонија во рамките на проектот: ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби,, поддржан од страна на Макпрогрес од Виница, во соработка со Заводот за социјални дејности, на 8 јуни 2017 година одржа информативна работилница за  зајакнување на  меѓусебната соработка за поддршка на  активности насочени кон  подобра социјализација на лицата со посебни потреби.

Целта на работилницата беше да се добијат информации за партнерската соработка, како и да се дадат насоки за развој на проектните активности кои ќе се реализираат  на локално ниво.

На работилницата присуствуваа претставници на општинските  организации на Црвениот крст Виница, Струмица, Куманово и Штип,  задолжени за координација и следење на оваа програма, и  претставници од дневните центри за лицата со посебни потреби од овие општини. 

Во периодот од 10 до 14 јуни 2017 година во Центарот на Црвениот крст во Струга, ќе летуваат вкупно 20 деца од дневните центри кои ќе бидат придружени од страна на волонтери на Црвениот крст.

Во претстојниот период започнувајќи од месец септември до крајот на оваа година ќе бидат имплементирани заеднички активности на локално ниво наменети за поддршка на децата и младите со посебни потреби. Следните и многу други активности ќе бидат дел од плановите за акција: креативни работилници, организирање на рекреативни активности, едукации за децата и родителите на децата, како  и многу други активности.

< врати се назад