август 9, 2021

Помош и поддршка

Црвениот крст на РСМ преку  Општинска организација на Црвен крст Штип денес се упати кон малешевскиот предел, како испомош на тамошните структури за справување со состојбите во опожарените предели. Волонтерите ги посетија с. Тработивиште – делчевско и с. Будинарци – беровско, каде на припадниците на Армијата на РСМ им доставија пакети флаширана вода. Во беровско волонтерите ги пресретнаа и странските професионални екипи кои активно учествуваат во гасењето на пожарите. Вкупно се поделени 84 пакети флаширана вода.

< врати се назад