октомври 19, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНИТЕ

Од 15-17.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 3271 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 11 449 шишиња вода за пиење, 539 пакети со прехрамбени продукти, 268 пакети со хигиенски средства, 68 кутии со бисквити, 113 кутии млеко за бебиња, 206 пакувања чоколадно млеко,166 пакети со пелени за бебиња, 12 бебешки сетови, 64 пакети за прва помош, 587 ќебињa, 4 вреќи за спиење, 1 церада, 93 шишиња за бебиња, 41 кутија со влажни марамици и 19 лица се транспортирани во болница.

< врати се назад