ноември 13, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНTИТЕ

На 12.11.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 884 лица им беше укажана прва помош, на 116 медицинска асистенција и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 1991 шишиња вода за пиење, 354 пакети со прехрамбени, 33 пакети со хигиенски средства, 18 пелени за бебиња, 32 бебешки пакети, 58 кутии со бисквити, 18 кутии млеко за бебиња, 104 парчиња чоколадно млеко, 68 парчиња влажни марамици, 17 пара чорапи, 218 ќебињa.

< врати се назад