октомври 2, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 01.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1287 лица им беше укажана медицинска интервенција а исто така беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 7466 шишиња вода за пиење, 16 пакети со хигиенски средства, 351 пакети со прехрамбени продукти, 37 кутии со биксвити, 24 пакети со пелени за бебиња, 2 сета за прва помош, 21 сетови за бебиња, 293 ќебиња и 4 церади.

< врати се назад