октомври 7, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 06.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 866 лица им беше укажана медицинска интервенција а исто така беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 3977 шишиња вода за пиење, 14 пакети со хигиенски средства, 6 кутии со биксвити, 151 ќебиња, 14 пакети прва помош и 8 лица се транспортирани до болница.

< врати се назад