октомври 8, 2015
ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ
На 07.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1612 лица им беше укажана медицинска интервенција а исто така беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 3676 шишиња вода за пиење, 324 пакети со прехрамбени продукти, 15 пакети со хигиенски средства, 35 кутии со биксвити,1044 ќебиња, 11 пакети прва помош, 16 кутии млеко за бебиња,16 шишиња за бебиња, 42 пелени за бебиња,11 сета за бебиња и 6 лица се транспортирани до болница.