ноември 20, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНTИТЕ

На 18.11.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1328 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 550 шишиња вода за пиење, 9 пакети со прехрамбени, енергетска храна, 42 пакети со хигиенски средства, 13 пелени за деца, 25 сета за бебиња, 6 пара чорапи, 4 церади, 15 кутии со бисквити, 49 парчиња чоколадно млеко и 439 ќебињa.

< врати се назад