септември 15, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНTИТЕ

На 15.09.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1181 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 3076 шишиња вода за пиење, 19 пакети со хигиенски средства, 76 пакети со прехрамбени продукти ,53 пакети со бисквити, 153 пакети за бебиња и млеко за бебиња, 192 ќебињa и 1 инвалидска количка.

za migranti

< врати се назад