октомври 28, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 27.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1439 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 1773 шишиња вода за пиење, 518 пакети со прехрамбени, 13 пакети со хигиенски средства, 9 кутии со бисквити, 4 кутии млеко за бебиња, 254 пакувања чоколадно млеко,11 бебешки сетови, 5 кутии пелени за бебиња, 22 вреќи за спиење, 85 мини пакети со енергетска храна, 432 ќебињa и 14 лицe се транспортирани до болница.

< врати се назад