октомври 29, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 28.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 1498 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 2346 шишиња вода за пиење, 517 пакети со прехрамбени, 60 мини пакети со енергетска храна,67 пакети со хигиенски средства, 13 кутии со бисквити, 5 кутии млеко за бебиња, 209 пакувања чоколадно млеко, 23 бебешки сетови, 22 вреќи за спиење, 6 мантили за дожд, 490 ќебињa и 11 лицe се транспортирани до болница.

< врати се назад