октомври 30, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 29.10.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 797 лица им беше укажана прва помош и беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 1910 шишиња вода за пиење, 1014 пакети со прехрамбени, 131 пакети со хигиенски средства, 10 кутии со бисквити, 10 кутии за прва помош, 9 кутии млеко за бебиња, 536 пакувања чоколадно млеко, 19 бебешки сетови, 45 ламби, 115 ќебињa и 4 лицa се транспортирани до болница.

< врати се назад