септември 17, 2015

ПОМОШ НА МИГРАНТИТЕ

На 17.09.2015 мобилните тимови на Црвениот крст на Република Македонија обезбедува поддршка на мигрантите на граничните премини кај Гевгелија и Табановце. На 545 лица им беше укажана медицинска интервенција а на 3230 лица медицинска асистенција. Исто така беше извршена дистрибуција на хуманитарна помош која се состоеше од: 2637 шишиња вода за пиење, 19 пакети со хигиенски средства, 40 пакети со прехрамбени продукти, 80 пакети за бебиња и млеко за бебиња, 44 ќебињa и 7 сета за прва помош.

Untitled

< врати се назад